Се урна руски авион во Авганистан, наводно со четворица членови на екипажот и двајца патници

Полицијата на северот на Авганистан добила информација дека авион се урнал во провинцијата Бадашкан.

Авионот се урнал во планинска област на северот на Авганистан,

До овие моменти нема информации за типот на авионот, причината за падот или за потенцијалните жртви.

Тамошните медиуми јавуваат дека неименувани талибански претставници изјавиле дека се работи за комерцијален авион од Индија. Сепак, индиските авиокомпании најавија дека нивните авиони не летаат во таа насока.

Тогаш беше објавено дека се работи за авион од типот Фалкон 10, кој е регистриран во Русија. Се наведува дека авионот ја изгубил комуникацијата со кулата и исчезнал од радарот.

Според првите информации, во авионот имало шест лица, односно четворица членови на екипажот и двајца патници.