Американските разузнавачи проценуваат дека израелската војска убила 20 до 30 отсто од членовите на Хамас

Американските разузнавачи проценуваат дека одбранбените сили на Израел успеале да убијат „20 до 30 отсто“ од вкупниот број милитанти на Хамас.

Како што пишува Wall Street Journal , Хамас, кој владее со Појасот Газа, има доволно муниција за да се бори против израелските сили со месеци, пишува Telegraph.

Израелската ИД минатата недела објави дека над 9.000 членови на Хамас и други екстремистички милитантни организации се убиени во Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.

Тој ден, во нападите на милитантите на Хамас врз јужен Израел, беа убиени 1.200 луѓе, главно цивили, а над 240 заложници беа земени во Газа.

А од израелските напади извршени од воздух, копно и море, како одговор на нападите на Хамас, во Газа се убиени 24.927 луѓе, главно жени и деца, така барем тврдат од Министерството за здравство во Газа.

Висок воен претпоставен на ИД во 2021 година процени дека Хамас има околу 30.000 членови, додека ИД вели дека борбите во Газа ќе продолжат во текот на целата година, бидејќи целта на Израел е целосно уништување на Хамас.

Израел вети дека ќе ја продолжи војната додека не се вратат сите заложници, се верува дека Хамас сè уште држи околу 132.