СТУДНА ВОЈНА НА ПОВИДОК? НАТО најави нови воени вежби кои имаат ПОСЕБНА ЦЕЛ

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушко, денеска изјави дека обемот на најавените воени вежби на НАТО го означува „конечното и неотповикливо“ враќање на Алијансата во шемите од Студената војна.

Врховниот командант на сојузничките сили во Европа (SACEUR), американскиот генерал Кристофер Каволи претходно најави дека следната недела Алијансата ќе ги започне воените вежби „Непопустлив бранител 2024“, најголеми во последните децении, кои ќе траат неколку месеци и ќе вклучуваат околу 90.000 војници на Алијансата.

„Овие вежби се уште еден елемент на хибридната војна што Западот ја започна против Русија. Вежба од овој размер – 90 илјади луѓе и со учество на 31 земја – го означува конечното и неотповикливо враќање на НАТО на шемите на Студената војна. кога процесот на воено планирање, ресурсите и инфраструктурата се подготвуваат за конфронтација со Русија“, изјави Груско за РИА Новости.

Тој додаде дека всушност тоа е целта на овие вежби, при кои, според него, ќе се тестираат можните сценарија за конфликт со непријателот.

Грушко, исто така, посочи дека вежбите се подготвуваат во „вештачки загреана средина на воена психоза“ и дека некои западни претставници имале „неодговорни изјави за можна војна со Русија, за која жителите на Европа треба да се „подготват““, се со целта е „демонизирање на Русија“.

„Со заплашување на обичниот човек, оправдување на неограниченото зголемување на воените трошоци и целосно неуспешната политика на поддршка на режимот во Киев, со цел да и се нанесе стратешки пораз на Русија . И во исто време да се принудат Европејците да се приклучат трката во вооружување уште поенергично, на задоволство на американскиот воено-индустриски комплекс“, рече тој. е Грушко.