Се чека на таткото на монструмот: Телото на тројниот убиец сè уште е во мртовечница, позната е погребната постапка, се чека и Oпштината

Телото на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ сè уште е во мртовечницата во Тузла, бидејќи сè уште никој не поднел барање да го преземе.

Директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ изјави дека градската управа од Градeчац чека таткото на Нермин да даде согласност телото да биде погребано.

– Со оглед на тоа што починатиот има живи роднини, потребна е нивна согласност за погребување на телото, дури и на трошок на државата – објасни Латифагиќ за Телеграф.

Латифагиќ додава дека општината каде што е регистриран Сулејмановиќ е задолжена да стапи во контакт со таткото на монструмот.

– Да сакаше татко му да го погреба, ќе го направеше тоа – рече Латифагиќ.

Директорот на Комеморативниот центар додава дека стандардна процедура е телото на починатиот да се чува во мртовечница најмногу три дена, но нагласува дека се зависи од ситуацијата.

– Имаме специјализирани фрижидери каде телото може да стои долго време. Имаме некои тела кои се тука повеќе од две години. Станува збор за некои мигранти кои сè уште не се идентификувани. Сите трупови беа ставени во специјализирани лимени кутии кои беа затворени и што се однесува до нас, сè беше направено според прописите – објаснува Латифагиќ.

Да потсетиме, Нермин Сулејмановиќ пред повеќе од еден месец во Градачец изврши монструозно злосторство кога во директен пренос на Инстаграм брутално ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ. Потоа ги убил Денис и Џингис Ондур, синот и таткото, кои ги познавал од порано, а за време на крвавиот пир рани три лица.

Монструмот на крајот отишол на напуштена фарма каде што, опкружен од полицијата, извршил самоубиство.