Силвестер Сталоне за смртта на синот: „Кога работата ја ставате пред семејството, последиците се поразителни“
Документарниот филм Sly, кој зборува за животот на актерот Силвестер Сталоне, беше објавен на Нетфликс.
Познатиот актер Силвестер Сталоне во филмот зборуваше за сите тешки моменти кои му се случиле, меѓу другото зборуваше и за лошиот однос со татко му, но и за смртта на синот.
Тој почина на 36-годишна возраст поради атеросклероза на коронарните артерии што предизвика срцев удар, а некои извештаи велат дека тоа е поврзано со лекови, но актерот никогаш не коментирал ништо.
Документарецот прикажува снимка од Сејџ на 14-годишна возраст, кога тој го игра Роберт, синот на Роки Балбоа во „Роки V“. Приказната за делот од 1990 година се фокусира на тешкиот однос на Роки со неговото дете бидејќи момчето чувствува дека Роки поминува повеќе време на тренинзи со боксерот Томи (Томи Морисон) отколку со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Адријана.
На прашањето дали заплетот на филмот го потсетува на неговиот однос со синот во реалниот живот, актерот рече:
„За жал, да. Се обидувам да преземам нешто што навистина посакувам да го направам во реалниот живот, но не можев. И честопати го правев тоа театарски, магично. Многу од тоа е вистина. За жал, кога работите ги ставате пред семејството, последиците се доста радикални и поразителни“.
Во документарецот се прикажани и сцени од премиерата на „Rocky V“ каде актерот зборува за татковството додека стои со својот син.
„Во филмот има една реплика: „Многу ми е мило што е роден затоа што сега можам да живеам низ твоите очи“. Мислам дека тоа е она што татковците го сакаат од своите деца. Тоа е продолжение, парче бесмртност. Се додека тој е жив, секогаш ќе биде живо твоето сеќавање, дека си направил нешто добро. Мислам, се надеваш на тоа“, изјави тој.