Силвио Берлускони правеше оргии со проститутки и постојано беше во се*с скандали: Сè уште се зборува за неговите бунга-бунга забави (фото/видео)

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст. За него низ годините имаше многу приказни и го следеа бројни скандали.

Тој се најде во центарот на вниманието кога беше откриено дека користел жени како „сексуални робинки“ на неговите диви „бунга бунга“ забави во неговата палата додека сè уште бил на функцијата. Терминот „Бунга Бунга“ потекнува од Австралија, но во Италија се однесува на сексуални оргии во кои голи млади жени го опкружуваат домаќинот и неговите голи гости во базенот.

Медиумскиот тајкун, кој три пати беше премиер, имаше секс и со тинејџерка од Мароко, која била една од гостите на неговите забави.

Иако неговата наклонетост кон помладите девојки беше многу очигледна, 86-годишниот политичар беше во центарот на неколку секс-скандали со проститутки, а му беше судено и за поткуп на сведок во случај на малолетна проституција.

Така, поранешниот италијански премиер претходно беше осуден за плаќање 6 милиони фунти на малолетната мароканска проститутка, Карима Ел Махруг, позната како „Руби, крадецот на срцата“, за сексуални услуги во периодот од февруари до мај 2010 година, но подоцна беше прогласен за невин по поднесената жалба.

Берлускони беше осуден и за даночна измама во 2013 година, како и за неколку случаи на проневера.

Освен чудесното враќање на јавната функција по бројните скандали, медиумскиот магнат во последните две децении се бореше и со бројни здравствени проблеми. Кон крајот на 2006 година, тој беше примен во болница со помал проблем со срцето, и беше опериран во американска болница во јануари 2007 година.

Подоцна имаше голема операција на срцето во 2016 година и преживеа рак на простата, кој го откри дури во 2000 година, откако беше болен три години. Тој го опиша тој период како „кошмар што траел со месеци“, но исто така призна дека неговата борба со коронавирусот била „најопасниот предизвик во неговиот живот“.

Кон крајот на животот уживал во врска со 53 години помладата девојка, 32-годишната Марта Фашина. Таа беше неговиот последен „трофеј“, откако во 2020 година раскина со Франческа Паскале, за која рече дека е премногу стара за него. Таа имаше 34 години.

Тој и’ приреди „симболична свадба“ на својата 32-годишна девојка Марта. Шеесетина гости се собраа во вилата Гернето во градот Лесмо, а Берлускони и неговата 53 години помлада избраничка си разменија завети и уживаа во свадбената торта.