Силен земјотрес го погоди Тајван

Епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на округот Хуалиен на длабочина од 7,2 километри

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти тајванското метеоролошки биро.

Според извештаите, земјотресот накратко бил почувствуван во главниот град Тајпеј, а засега нема извештаи за евентуална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на округот Хуалиен на длабочина од 7,2 километри.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и на тој остров често има земјотреси .

Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе, пренесува Ројтерс.