ОВА ГО НЕМА НИКОЈ НА ПЛАНЕТАТА! Уште еден трофеј во ризницата на маестралниот Кристијано Роналдо!

Репрезентацијата на Португалија на свој терен ја совлада селекцијата на Словачка со резултат 3:2, а натпреварот го одбележа неповторливиот Кристијано Роналдо.

Со два постигнати гола стигна до вкупно 125 гола за репрезентацијата и со тоа го подобри сопствениот рекорд. Ова беше и рекорден 202. натпревар за националниот тим за Роналдо кој е единствениот играч во историјата кој одиграл над 200 натпревари за националниот тим.

Португалецот го одигра својот 200-ти јубилеен натпревар во Исланд, а ова беше прв на домашен терен до неверојатниот подвиг, па пред натпреварот португалскиот фудбалски сојуз ја искористи можноста да му врачи награда на 38-годишниот фудбалер.

Роналдо го доби трофејот за својата богата ризница, а навивачите се придружија на прославата со развиорување на огромен транспарент со неговата слика, грбот на Португалија и натпис CR 200 на трибините.