Костадиновска-Стојчевска: Културната фела треба да работи на соработка во интерес на творештвото и уметноста

– Проблемот со кавгата меѓу џез оркерстарот и Филхармонија беше технички, просторен, но тој исфрли на површина други појави и синдроми со кои ќе треба културната фелата да се позанимава, пред сѐ во интерес на македонското творештво и македонската уметност. Мислам на недостатокот на соработка, на појавите на отфрлање на другиот наместо подавање рака, на исклучивоста и еднонасочната комуникација наместо водењето дијалог и барањето решенија, на субјективноста наспроти помагањето, истакнува министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
 
Таа во интервју за „Рацин.мк“ посочува дека во земја која заедно ја градиме како едно општество за сите, среде главен град кој е Град на солидарноста, мораме да најдеме начини да се почитуваме и помагаме едни со други многу повеќе, за проблемите за простор и опрема лесно се решаваат
 
-Всушност, во оваа ситуација дојде до недоволно, не сакам да помислам дека тоа беше намерно, информирање на вработените во Филхармонија за тоа што всушност значи употребата на нивната адреса за формирање на новата НУ. Да напоменам, употребена е само адресата административно и формално правно. Објектот на Филхармонија е државен имот, да, но е даден на трајно користење на НУ Филхармонија. И нема друга одлука на Влада која го побива тоа. За формирање на нова национална установа потреба е адреса од државен имот додека да се комплетира администравното формирање. Иако ова беше објаснето на сите состаноци со Синдикатот при Филхамронија, ИО и дел од вработени, сепак постои силна причина да се искривуваат фактите. Во еден наврат јас и закажав состанок со сите вработени во Филхармонија со цел се ова да се избегне бидејќи културата не смее да биде мета на препукувања кои не доликуваат и кои одамна се надминати во културата, вели Костадиновска-Стојчевска.

Министерката потенцира дека секоја одлука за формирање на нова установа мора да биде пропратена со елаборат кој, пред сè, ја опишува оправданоста за формирање на Установата.

-Да, во Елаборатот за основање на НУ Џез оркестарсе наведува објектот Филхармонија, но во елаборат не се наведува од каков карактер (трајно или времено). Во Образложанието на Одлуката, кое е пропратен документ на самата Одлука, стои дека просторно времено ќе се смести до целосно формирање на  новата НУ. Исто така, во Одлуката наведено е дека објектот е даден на Филхармонија на трајно користење. И да потенцираме – правна сила има Одлуката, која е објавена во Службен весник, а не Елаборатот, истакна министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.