Најмалку шестмина загинати и девет повредени во руските напади на украинските градови Харков и Херсон

 – Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени во руските воздушни напади во уркаинските региони Харков и Херсон ова утро.

„Регионот Харков, округот Изиум, градот Бакалија. Русија изврши ракетен напад. Познато е дека се повредени пет лица“, објави Андриј Јермак, шефот на Канцеларијата на украинскиот претседател на социјалната мрежа Телеграм.

Гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, изјави дека службите на итната помош биле на паркингот каде што паднале гранатите.

Тој додаде дека тројца повредени се здобиле со потешки повреди, а двајца се полесно повредени.

Гувернерот на Херсон, Александар Прокудин, изјави дека изминатиот ден во руските напади загинале шест лица, а четири се повредени.

„Непријателот во текот на изминатиот ден изведе 51 гранатирање, исфрлувајќи 237 гранати со тешка артилерија, тенкови, беспилотни летала и авијација“, рече Прокудин.

Зборувајќи дека Русија четири пати го гранатирала Херсон, Прокудин истакна дека нападите се насочени кон станбените населби.

Според последните податоци на Обединетите нации (ОН), во руско-украинската војна се убиени 8.709 цивили, а ранети се 14.666.