СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СОСЕДНА СРБИЈА – Се тресе тлото во близина на планинскиот регион Гоч, а потресот почуствуван и во Белград
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе соседна Србија во 18 часот и 54 минути, јавуваат тамошните медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил во планинскиот регион Гоч, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, пренесуваат соседните медиуми.
Како што се наведува понатаму, земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.
Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, земјотресот е регистриран кај Баљевац на Ибар.
Според корисниците на социјалните мрежи, тлото се тресело и во Краљево и Врњачка Бања.
Некои од корисниците на социјални мрежи тврдат дека земјотресот го почувствувале и во главниот град на Србија, Белград.