Силен земјотрес ја погоди Турција

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека силен земјотрес ја погодил Турција.

На сметката ЕМСЦ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека земјотресот се случил на 20 километри западно од градот Бозово во југоисточна Турција.

Станува збор за земјотрес со разорна моќ од 5 степени според Рихтеровата скала.

Се наведува и дека епицентарот бил десет километри јужно од градот Елбистан.

Од друга страна, засега нема информации за повредени или материјална штета.