Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на островот Хокаидо во Јапонија, соопшти Европско-медитеранската сеизмолошка служба.

Како што наведе таа, земјотресот се случил на длабочина од 111 километри.

Земјотресот се случил на осум километри од градот Обихиро и на 103 километри од градот Куширо. Засега не се објавени други информации.