Силни земјотреси го потресоа Исланд: За само една недела забележани се дури 300 земјотреси, граѓаните во страв: „Вакво нешто не ме виделе“

На Исланд, во близина на градот Гриндавик на југозападот на земјата, само во неделата се регистрирани околу 300 земјотреси, најмногу околу полноќ, а исландската метеоролошка служба продолжува да предупредува на постојана опасност од непосредна вулканска ерупција.

Најсилниот од околу 300 земјотреси бил со јачина од три степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на пет километри североисточно од Гриндавик.

Пред две недели, целиот град беше евакуиран откако беше забележана сеизмичка активност предизвикана од магма, која предизвика бројни пукнатини и дупки на улиците објави Индипендент.

Сепак, Метеоролошката служба на островската држава вели дека „сеизмичката активност благо се намалува“ и дека со текот на времето се намалува и веројатноста за вулканска ерупција. Цивилната заштита на Исланд за лондонскиот весник изјави дека сè уште е опасно во таа област.

– Никогаш не сум видел вакво нешто. Вообичаено, имаме неколкуминутно предупредување да излеземе надвор, но со временски услови како денешните, немаме толку време – изјави неименуваниот службеник за цивилна заштита.