Силно невреме го зафати САРАЕВО: Издадено итно предупредување за поплави (ВИДЕО,ФОТО)

Силно невреме денеска го зафати Сараево каде сообраќајот е отежнат поради обилните врнежи, а многу улици се под вода.

Дождот предизвика сообраќаен колапс и во Илиџа, каде околу кружниот тек се создаде голема гужва, пренесе Срна.

Агенцијата за водено подрачје на реката Сава упати итно предупредување до правните и физичките лица во Федерацијата Босна и Херцеговина со цел да се подготват за потенцијални поројни поплави кои се очекуваат од денеска до понеделник, 25 септември.

Со оглед на предвидената вонредна хидролошка состојба, Цивилната заштита на кантонот Сараево апелираше до сите правни и физички субјекти веднаш да преземат превентивни мерки за заштита на животот, имотот и културните добра.

Упатен е посебен апел до општинските служби за цивилна заштита во кантонот Сараево континуирано да ги следат најзагрозените подрачја и да ги стават во состојба на готовност нивните сили за заштита и спасување, јавуваат федералните медиуми.