СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СПЛИТ – Градот паѓал со часови: Ледените наноси повисоки од 20 сантиметри (ВИДЕО)
За време на невремето што денеска во раните утрински часови ја зафати Хрватска, во Сплит и неговата околина паднаа повеќе од пет сантиметри голем град.
Откако невремето ја зафати внатрешноста на Козјак и дел од Каштела, во периодот од 1 до 2 часот по полноќ невреме со силен град го зафати Сплит и неговата околина , објави порталот dalmacijadanas.hr.
Олујниот облак достигна висина од седум километри додека се движеше над Сплит. Најпрво невремето го зафати западниот дел на полуостровот, а потоа постепено се движеше кон исток.
Силно невреме потоа ја зафати Жрновница. Таму наврнале повеќе од 20 литри врнежи за само 30 минути на метар квадратен, помалку дожд и повеќе град. Наносите на град во тој регион на места беа повисоки од 20 сантиметри, а за жал се очекуваат значителни штети во земјоделството.
На Динара температурата на воздухот повторно се спушти на нула , па на повисоките места падна нов снег.