Авиокомпаниите во САД денеска откажаа повеќе од 1.600 летови бидејќи огромното невреме предизвика прекин на електричната енергија во 12 сојузни држави, пред екстремно ниските температури кои се предвидуваат за викендот.
До 9 часот по локално време, 1.643 летови биле откажани, а 1.238 одложени, според веб-страницата за следење летови FlightAvare, пренесува Reuters.
„Очекуваме некои оперативни предизвици поради временските услови на средниот запад денеска и потенцијално утре“, соопшти „Делта ерлајнс“.
Саутвест ерлајнс ја предводи листата со 355 откажани летови, по што следи Скај Вест со 275.
Јунајтед досега откажа 258 летови, а некои откажувања беа продолжени до сабота.