Силјановска-Давкова: Во главата имам слика што треба да прави еден претседател, но не сум донела конечна одлука за кандидатура
„Сè уште не знам да бидам искрена. Размислувам низ призма на мојот живот. Понудата да, но секој од нас има некој карактер. Јас многу сакам да талкам, не знам како би било да чекори некој покрај мене. Не знам како би било да живеам некаде, а не дома. Се уште немам конечна одлука“, рече таа.
Пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска-Давкова се уште не одлучила дали по втор пат ќе се кандидира за претседател на државата на претстојните избори кои треба да се одржат во 24 април и 8 мај годинава.
На оваа тема потврди дека разговарала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Уверена е дека на овие претседателски избори е можен поинаков изборен резултат од тие пред пет години.
„Се уште не знам да бидам искрена. Размислувам низ призма на мојот живот. Понудата да, но секој од нас има некој карактер. Јас многу сакам да талкам, не знам како би било да чекори некој покрај мене. Не знам како би било да живеам некаде, а не дома. Се уште немам конечна одлука“, вели Силјановска-Давкова.
За ваквите размислувања вели дека се уште не расчистила со себе, иако во 2019 година била кандидат за претседател на државата.
„ За жал не сум расчистила. Тогаш бев политички наивна“, рече таа.
Таа веќе разговарала за ова со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но потенцира дека нема креирано крајно решение.
„Што се однесува до подготвеноста немам проблем, ниту со уморот. Сакам да работам“, вели пратеничката.
Според неа, постојат многу причини зошто резултатот од претходните претседателски избори би бил различен од оној во 2019 година, ако спроти неа за кандидат се најде повторно сегашниот претседател Стево Пендаровски.
„Има многу причини за поинаков резултат. И сегашниот претседател бил пратеник и јас сум пратеничка. Тоа е најотврениот граѓански дом. Граѓаните можат да споредуваат. Тие многу често се прашуваат, што направи тој пратеник. Со децении се збогував со политиката и се посветив на професијата и во 2019 година и за мене, а веројатно за сите беше изненадување. Кога не сте член на партија треба многу да сторите, за да ви веруваат и оние кои негогаш сте ги критикувале. Значи почнувате од нула, по четири години, патот е изоден, јас сум човек која сака да реформира, во главата имам слика што треба да прави еден претседател. За жал, малкумина го правеле тоа што можат“, вели Силјановска-Давкова.
На прашањето што актуелниот претседател не направил, а можел, Силјановска-Давкова вели дека тој воопшто не го користел институтот обракање.
„Воопшто не го користи институтот обраќање. Го користи најмногу еднаш во годината. Тоа е инзвонреден институт. Претседателите ги претставуваат граѓаните. Во името на граѓаните да се обраќаат секогаш кога ќе видат дека најфрагилните категории на граѓаните се повредени. Ние имавме состојби со Онкологија, и со Евроинтеграциите и со многу други случаи. Вакви поделби одамна немало. Или тлееле. Претседателот е тој кој персонифицира единство на нацијата. Воопшто не го видов. Замислете претседател кој ќе го употреби ветото. Замислете ги членовите што ги предлага претседателот, тие треба да бидат најдобрите, а за жал не се такви. Замислете за измените на Кривичниот законик да не ставите вето. Бидете сигурни дека јас би го праверла ова“, вели таа.