Силјановска: Оставките на функционерите на ДУИ се симулации

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 во врска со најавените оставки на функционери на ДУИ доколку се изгласаат уставните амандмани истакна дека овие оставки се симулации.

„Се работи за симулирана оставка бидејќи Уставот е јасен. Секој министер може да си поднесе оставка и преку премиерот истата се праќа во Собрание, а тој веднаш ја презентира пред пратениците и на следната седница се утврдуваат оставките“, рече Силјановска Давкова.

Според неа, постапките на ДУИ се за политички маневри.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференцијата најави дека сите функционери на ДУИ ќе поднесат оставки доколку уставните амандмани бидат изгласани од ВМРО-ДПМНЕ.