Симптоми на рак кои се јавуваат по јадење

Проблемите по јадење, како што се горушица или чувство на непријатност во градите, често се сметаат за безопасни и се поврзани со пребрзо јадење или јадење масна храна. Сепак, според Националната здравствена служба (NHS) на Велика Британија, одредени симптоми што се јавуваат за време или по јадењето може да бидат знак за посериозен здравствен проблем. Иако повеќето луѓе повремено доживуваат непријатност во стомакот, во некои случаи овие знаци можат да укажуваат на нешто што бара медицинска помош.

Најчеста причина за горушица е рефлуксот на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува чувство на печење и иритација.

„Стомачната обвивка може да се справи со киселината, но хранопроводот не може, па затоа се добива чувство на печење“, објаснуваат лекарите и експертите од NHS, според Дејли експрес .

Ваквите симптоми често се јавуваат по обилни, масни или зачинети оброци, а дополнителни фактори на ризик вклучуваат консумирање алкохол, кофеин, пушење, па дури и легнување веднаш по јадењето. Дебелината, исто така, ја зголемува веројатноста за појава на горушица.

Доколку симптомите се влошат, експертите советуваат итна посета на матичен лекар.

Иако лековите што се издаваат без рецепт и промените во животниот стил честопати помагаат, NHS предупредува дека дефинитивно треба да посетите лекар ако горушицата се јавува речиси секојдневно, ако лековите не помагаат или ако има дополнителни симптоми – како што се чувство на заглавување на храната во грлото, често повраќање или необјаснето губење на тежината.

Во некои случаи, овие симптоми може да укажуваат на рак на хранопроводникот. Дополнителни знаци вклучуваат тешкотии при голтање, гадење, повраќање и често подригнување.

Доколку симптомите се влошат, траат подолго од три недели или се придружени со црна или темноцрвена столица, експертите советуваат итна посета на матичен лекар. Иако ваквите знаци се чести и не мора да значат дека станува збор за рак, важно е да се проверат бидејќи, како што нагласуваат лекарите, раното откривање на ракот значително го зголемува успехот на лекувањето.