Сината птица заминува во историјата !? Социјалната мрежа Твитер го промени логото – погледнете како изгледа (фото)

Социјалната мрежа Твитер го промени и го ажурираше своето лого, наместо сината птица, на официјалниот профил на социјалната мрежа сега има фотографија на куче од логото на криптовалутата Dogecoin.

Dogecoin

Цената на криптовалутата порасна за големи 26,65 отсто по оваа вест.

Цената на Dogecoin порасна за 26,65% на 0,101 долари, додека претходно на трговската берза цената достигна 0,104 долари, највисока од ноември 2022 година.

Сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск конечно го затвори договорот вреден 44 милијарди долари за купување на Твитер минатата есен.

Милијардерот вети дека ќе ја либерализира уредувачката политика на социјалната мрежа, која е критикувана за строга цензура, и ќе создаде совет за следење на содржината, но додека советот не биде основан и функционален, нема да носи глобални одлуки за уредувачката политика и враќањето на блокираните профили назад.