Италијанскиот тенисер Јаник Синер победи на овогодинешното првенство на Австралија , откако во финалето го совлада Данило Медведев со резултат 3:2 (3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3).
Италијанскиот тенисер важеше за голем фаворит на овој меч, што донекаде беше и очекувано, но можеби не до овој степен. Синер до финалето стигна со само еден загубен сет, во полуфиналето, кога со 3:1 го совлада Новак Ѓоковиќ.
Од друга страна, во борбата за финалето, Медведев беше подобар од Александар Зверев со 3:2.
Споменатиот натпревар траеше 3 часа и 43 минути и беше достоен за финалето на отвореното првенство на Австралија.
По загубениот гем во првиот сет, Русинот го искористи својот сервис за да го направи првиот брејк на мечот во третиот гем, кога на противникот му дозволи само еден поен.
Потоа и двајцата тенисери добија гемови на свој сервис, а во деветтиот гем Медведев направи брејк по третиот сет поен и поведе со 1:0.
Инаку, Синер по овој триумф стана првиот Италијанец кој успеал да го освои Австралија Опен!