Синер мора повторно да оди на суд поради допинг: Му се заканува повеќегодишна суспензија

Светскиот рекет број еден тенисер Јаник Синер беше ослободен од обвиненијата од независен трибунал откако двапати беше позитивен на забранета супстанција во март 2024 година. Сепак, Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката за ослободување на Синер.

Така, целиот случај со допинг ќе се разгледува зад затворени врати пред Судот за спортска арбитража (CAS) од 16 до 17 април 2025 година.

Агенцијата тврди дека пресудата, според која Синер не бил виновен, „не е точна според важечките правила“ и бара суспензија „во период од една до две години“.

Во кусото соопштение, CAS во петокот рече:

  • Ниту една од страните не побара јавна расправа, па таа ќе се одржи зад затворени врати.

Синер во понеделник ја започнува одбраната на титулата на Австралија опен, а противник во првото коло ќе му биде Чилеанецот Николас Жари.