,,Сине, цел Милан, Интер и цел стручен штаб ја ‘поминаа’ твојата девојка!” Мурињо пошол кај Озил и го шокирал: После тоа се дознало сè!
Која е убавицата со која Месут Озил се забавуваше во Мадрид, а која Жозе Мурињо многу добро ја познаваше од периодот кога работеше во Интер. По разговорот ,,пукна тиквата.”
Германскиот фудбалер Месут Озил реши да стави крај на кариерата на средина од сезоната бидејќи му беше доста од сè. Озил е со години далеку од врвно ниво, а со заминувањето во Турција во 2021 година беше јасно дека на неговата кариера и’ се ближи крајот. Играше за Фенербахче, па летово пристигна во Башакшехир каде беше целосно незаинтересиран и одигра помалку од 200 минути за овој клуб, но тоа не значи дека нема да ги паметиме неговите добри денови.
Најдобар беше во Реал Мадрид каде играше од 2010 до 2013 година, но на крајот се пресели поради претседателот на клубот Флорентино Перез со кого прво имаше одлични односи, а потоа односите им се оладија.
Пред неколку години шпанскиот весник „Ел Конфиденсијал“ објави снимки од разговорите на Флорентино Перез, во кои се слуша дека претседателот на Реал Мадрид знаел сè за љубовниот живот на Месут Озил и не кажал ништо убаво за неговата избраничка. Тогаш Озил се забавувал со венецуелската манекенка Аида Јеспика, а тоа воопшто не му се допаднало на Перез, кој забележал дека Германецот сè послабо игра откако се заљубил во неа.
,,Озил се заљуби во манекенка од Милано. Мурињо му рекол: ,,Сине, целиот тим на Милан, целиот тим на Интер и целиот тренерски штаб спиеја со твојата девојка”. Мислам дека Озил раскина со неа по таа изјава. Месут имаше 21 година кога ,,фати” девојка и ја откри магијата на Мадрид па го промени својот животен стил“, изјави Перез за таа случка а може да се каже дека после тоа и Мурињо и Озил беа во конфликт бидејќи на германскиот фудбалер не му се допаѓало што Мурињо така зборува за Аида.
Во меѓувреме Озил и Аида раскинаа, а потоа германскиот фудбалер се ожени со шведската актерка со турско потекло Амина Ѓулше. Двајцата се заедно од 2017 година, се венчаа две години подоцна и денес имаат две деца. Што се однесува до Аида, се шпекулира дека cè уште „заведува“ фудбалери.