“Сине, што направи, ни ги уништи животите”?! Таткото на момчето-убиец во тешка психичка состојба, откриено е како ги поминува деновите во Централниот Затвор!
Првото основно јавно обвинителство во Белград вчера по службена должност започна истрага против мајката на момчето со цел да се утврди дали има елементи на кривичното дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
Таткото на момчето (13) кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ е во тешка психичка состојба во притворското одделение, не комуницира со други затвореници, ниту со персоналот на Централниот затвор, а во очај само спомнува што направил неговиот син.
Надлежните во Централниот затвор се свесни дека таткото на Коста е во многу тешка состојба и го држат под поголем надзор од другите притвореници. По цел ден седи во ќелијата и зјапа во подот, како постојано да ги репродуцира сцените од масовното убиство на неговиот син во училиште и да тоне се подлабоко во очај. Секогаш кога ќе успее да каже нешто само ќе промрмори тивко: „Сине, што направи, ни ги уништи животите, што ќе правиме сега, немаме животи. Нема ништо. Проклето стрелиште и пиштоли…“ – вели добро информиран извор.
Изворот додава дека освен целосна безнадежност, го изјадува и огромен срам.
-Знае дека за него и за неговиот син зборува цела непосредна околина, но и цела Србија и дека нема оправдување за направеното зло. Затоа решил да не разговара со никого, бидејќи смета дека зборувањето за тоа и слушањето туѓи коментари би ја влошило неговата состојба уште повеќе – објаснува изворот.