СИНОВИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИОТ ТАТКО Е ВО ЗАТВОР! Потресни детали за силуваниот и убиениот пензионер во Падинска скела
За него и неговиот живот зборуваа соседите на убиениот С.Б во Падинска Скела.
Грозоморното убиство на С.Б.(74) во затворот Падинска Скела ја шокираше јавноста, осомничени се тројца осуденици од Лазаревац , а за него и неговиот живот зборуваа соседите на брутално убиениот пензионер. Неговите синови, кои живеат во Австрија, на погребот дознале дека нивниот татко бил убиен затоа што мислеле дека умрел од природна смрт.
„Имаше куќа на периферијата на градот каде што живееше во лето, а во станот во центарот на градот доаѓаше во зима. Беше пензионер и живееше сам откако му почина сопругата. Тогаш кога се случи тоа т.е на Нова Година сите фрлаа петарди, тоа е обичај. Но во еден момент полицијата дошла точно пред неговиот стан и потоа кажале дека добиле пријава дека од неговата тераса се фрлаат петарди. Никому не му е јасно кој го пријавил и зошто кога цело маало го правеле тоа “, велат соседите.
С.Б заврши во затвор поради нарушување на јавниот ред и мир. Фрлил петарда која паднала покрај пар кој шетал мало дете и тие го пријавиле во полиција, а еден сосед вели дека не го ни забележале исчезнувањето на С.Б додека вработените во Падинска скела не се појавиле да му достават телеграма на семејството.
„Кога ја спомнаа Падинска скела, помислив дека е болница, но ми помина низ мислите и затворот. Еден сиромав човек, пензионер, немаше пари да ја плати казната, па отиде во затвор поради тоа. Станот каде што живеел е голем, сметките се огромни сам со една пензија. Пред пензија работеше со керамика, немаше пензија, сиромашен како и другите пензионери“, вели сосетката.
После тоа истите лица по втор пат се појавија во зградата. Тогаш соседите дознала дека С.Б починал и деке бил во затвор.
„Тие луѓе повторно дојдоа, повторно го бараа, а потоа и реков на ќерка ми да контактира со неговиот син кој е во странство за да го слушне брат му што е тука, за да ја примат пораката. Имаше голем шок кога дознавме дека починал, но немавме поим дека е убиен. По смртта не беше веднаш погребан, се чекаше да се заврши обдукцијата, но од медиумите дознавме дури пред неколку дена како умрел. Колку што знам, тоа не го знаеле ниту неговите синови“, додава сосетката.
Таа открива дека С.Б имал добар однос со сите. Не правеше никакви проблеми и секогаш беше подготвен да им помогне на сите.
„Кога го реновирав станот, тој ми даде дел од неговиот стан да складирам работи. Тие стоеја таму долго време, човекот не кажа ни збор. Кога го варосувавме, зеде кофа и четка и дојде да помогне. Порано кога жена му беше жива знам дека „тој сакаше да напие, но не правеше проблеми. Мојот сопруг постојано гледаше спорт и креваше врева, па јас и неговата сопруга често седевме заедно и ги озборувавме“, се сеќава сосетката.
Како С.Б заврши во затвор?
Сè започнало на 31.12.2020 година кога С.Б околу 13 часот фрлил петарда од терасата на неговиот стан. Таа паднала покрај луѓето кои го шетале бебето и ги преплашило.
Пријавиле во полиција, по што С.Б морал да плати казна од 30.000 динари. Тој првично се бранел дека е одговорен неговиот внук, но набрзо признал се, за што добил прекршок од областа на јавниот ред и мир.
Најпрвин бил казнет со 10.000 динари, па Министерството за внатрешни работи ја обжалило пресудата и на ново судење СБ добил зголемена казна од 30.000 динари. Завршил во затвор во Падинска Скела, каде што бил убиен на 4 февруари.
Обдукцијата утврдила дека тој починал како последица од внатрешни повреди и крварење. Се сомневаат дека С.Б со денови бил тепан од уште тројца затвореници С.С.(20), С.С.(21) и Д.П.(21) .
Против седум службени лица на Управата за извршување на кривични санкции се поведени дисциплински постапки. Управникот на затворот бил преместен на пониска функција и сега е заменик управник.