Синот на Еди Мерфи и ќерката на Мартин Лоренс тајно се венчаа

Синот на Еди Мерфи, Ерик Мерфи, и ќерката на Мартин Лоренс, Јасмин Лоренс, се венчаа во тајност.

Веста ја сподели актерот Еди Марфи во емисијата „Шоуто на Џенифер Хадсон“, каде што откри дека неодамна се венчале во тајност.

„Се венчаа пред околу две недели. Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто тајно и само двајцата. Отидоа и се венчаа во црква. Беа само двајцата и свештеникот“, рече Мaрфи.

Потоа се пошегува дека Мартин Лоренс повеќе не мора да плаќа за раскошна свадба за неговата ќерка.

Мартин Лоренс претходно објави дека се очекува тој да ја плати свадбата на Ерик и Јасмин. Тој се пошегува дека Еди, кој има десет деца, ги покрил трошоците за „последните шест свадби“.

„Еди рече дека морам да платам. Тој рече дека морам да платам, бидејќи тој плати за свадбата на неговата последна ќерка и сега беше мој ред“, рече Лоренс.

Инаку, Јасмин ја објави својата свршувачка со Ерик во ноември минатата година. Ерик е најстарото дете на Еди и е роден од поранешната девојка Полет Мекнили. Јасмин е најстарата од трите ќерки на Мартин, а нејзина мајка е Патриша Саутхол.

И двајцата решија да ги следат стапките на своите родители. Ерик е сценарист и гласовен актер за „Авалон Ентертејнмент“, а работел и на други телевизиски проекти. Јасмин дипломирала на Универзитетот Дјук во Дарам, а заедно со нејзиниот татко глумела во филмот „Лоши момчиња за цел живот“.