Марио Мамиќ, син на Здравко Мамиќ, денеска во Жупанискиот суд во Осиек е осуден на затвор и голема парична казна.
Мамиќ е осуден на една година и четири месеци затвор, а мора да плати речиси 3 милиони евра парична казна, од кои на Динамо мора да му врати 2.088.000 евра. Судот го казни и со 750.000 евра, а мора да ја плати и кривичната постапка од 70.000 евра.
Да потсетиме, Марио Мамиќ се изјасни за виновен за учество во повлекување пари од Динамо како дел од злосторничко здружување во т.н. работи Динамо 2.
Од друга страна, адвокатите на Здравко и Зоран Мамиќ, на кои им се суди во отсуство бидејќи се во Босна и Херцеговина, изјавија дека нивните клиенти не се сметаат за виновни за кривичните дела од изменетиот обвинителен акт.
Динамо на 3 декември испрати до Жупанискиот суд Осиек барање за отштета за отуѓувањето на имотот на Динамо во износ од 23,2 милиони евра, а потпретседателот на Динамо Дубравко Скендер изрази надеж дека клубот ќе го подмири и преостанатиот износ од останатите обвинети.