Во Сирија, во двата силни земјотреси со епицентар во јужна Туркије животот го загубија најмалку 3.688 луѓе, а над 14.749 се повредени
Најмалку 171.843 лица се раселени во северозападна Сирија поради минатонеделните земјотреси со епицентар во јужна Туркије, соопшти Сириската организација за координирање на помошта.
„Помошта на ОН е сè уште во рамките на минимумот, стигнаа само 114 камиони за една недела, од кои 93 отсто дојдоа преку преминот „Баб ал Хава“, и покрај отворањето на два дополнителни премини“, соопшти организацијата.
Се додава дека дополнителни 24 камиони со меѓународна помош се очекува да влезат преку премините „Баб ал Хава“ и „Баб ал Саламех“.
Организацијата го истакна „општото незадоволство во регионот поради доцнењето на пристигнувањето на хуманитарната помош од ОН“, истакнувајќи дека помошта на Обединетите нации (ОН) „не е ни 25 отсто од вкупната помош што влезе во северозападна Сирија“.
Организацијата ја критикуваше големата политизација на хуманитарната помош, особено меѓународната, како и насочувањето на големи количества од помошта во областите контролирани од режимот „кои добија 90 отсто од помошта за погодените во земјотресот“.
Во Сирија, во двата силни земјотреси со епицентар во јужна Туркије животот го загубија најмалку 3.688 луѓе, а над 14.749 се повредени.
Земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени минатата недела ја погодија јужна Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, погодувајќи огромно подрачје населено со над 13 милиони жители.
TRT Balkan