СИСТЕМСКИ ПРОБЛЕМ ИЛИ !? Европската унија е премногу загрижена: Дали корупцијата ќе ги ‘изеде’ парите за обнова на Украина ?

Европската комисија (ЕК) и вети на Украина нова помош во вредност од 1,5 милијарди евра, објави Брисел на 23. мај.

Во исто време, Украина е во војна против руската агресија, но и против корупцијата, која систематски ткиво го уништува општественото и економијата од стекнувањето на независноста до ден денес.

Последниот случај што ја потресе оваа земја е кога Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Канцеларијата на специјалниот антикорупциски обвинител (САП) го обвинија претседателот на Врховниот суд, Всеволод Књасиев и друг претставник на судот, чие име не е соопштено, за корупција во износ од околу 2,7 милиони долари. Всеволод Књасиев беше уапсен ‘на дело’ додека примаше 450.000 долари, што беше „втора транша“ во еден од случаите.

Ова е сериозно“, изјави за весникот The Washington PostТетиана Шевчук, адвокатка од Центарот за антикорупциска акција т.е. антикорупциско набљудување во Киев. „Тоа не е само локален судски судија кој зема поткуп – тоа е највисокиот судија во системот“, вели таа.

Случајот покажа, од една страна, дека борбата против корупцијата добива ново ниво и дека паѓаат и оние на највисоките позиции. Од друга страна, дополнително ја разбуди загриженоста кај западните партнери, чии пари се слеваат во Украина не само во форма на одбрана, туку и финансиска помош. Како ќе се троши е важно за владите кои го финансираат Киев.

Европската комисија и вети на Украина нова помош во вредност од 1,5 милијарди евра, објави Брисел на 23. мај. Ова е четврта транша од помошта за Украина со 18 милијарди евра планирани како дел од пакетот помош за микрофинансирање.

Урсула Фон Дер Лејен и Џо Бајден

Од почетокот на годината исплативме 7,5 милијарди евра во вид на микрофинансиска помош. Ова финансирање значително ги покрива итните финансиски потреби“, изјави тогаш претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова ќе ги покрие исплатите на плати и пензии и, на пример, одржување на болниците, училиштата и прифатилиштата за раселените. Помошта за Украина е условена со зајакнување на владеењето на правото и поголема транспарентност во трошењето пари.

Токму затоа, на 12. јуни, Европскиот парламент предложи Резолуција за одржлива обнова и интеграција на Украина, во која се наведува дека „значителни двигатели на корупцијата сè уште се присутни, иако генерално се смета дека Украина од 2014 година бележи позитивен тренд во смисла на нејзино контролирање и дека меѓународните аналитичари и украинското граѓанско општество се загрижени дека бројот на случаи на корупција ќе се зголеми кога меѓународната помош ќе се пренасочи од воена помош кон реконструкција на инфраструктурата.

Сето ова добива важност затоа што оваа недела е закажана донаторска средба за помош на оваа земја, а со тоа се отвара сомнежот не само кај ЕУ туку и кај САД.