Одамна е познато дека Моравскиот коридор ќе биде првиот паметен автопат во Србија со опрема што овозможува софтверот на автомобилот директно да комуницира со софтверот на паметниот автопат.
Освен овој автопат во изградба, вакви треба да станат и сите други автопати на територијата на Србија, бидејќи во тек е проект на Телеком Србија и Институтот Михаило Пупин кој сите постоечки илјада километри од најбрзите патишта во државата ќе ги претвори во паметни автопати.
Новата директива на Европската комисија наложува сите нови автомобили произведени во ЕУ да имаат вградена опрема за директна комуникација со софтвер на автопатот, пишува Екапија.
– Значи во наредните години повеќе нема да можете да возите побрзо од дозволеното, бидејќи автомобилот ќе ви ги чита таблите, ако некој не знае да ги чита, а има и такви – рече министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.