Сите гледаат во Зеленски на погребот на папата Франциско: Дали го испочитува протоколот?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна на плоштадот Свети Петар за да присуствува на погребот на папата Франциско , неколку минути пред почетокот на церемонијата.

Она што го привлече вниманието на сите е тоа што Зеленски и овој пат изгледа не облече одело. Претседателот на Украина е фотографиран во моментот на неговото пристигнување и се гледа дека носи црни панталони, темна кошула и црна јакна.

Може да се каже дека тоа беше донекаде прекршување на протоколот, бидејќи од мажите се очекува да бидат облечени во темен костум, бела кошула и темна вратоврска.

Да потсетиме дека Католичката црква е позната по своите строги протоколарни правила, а облекувањето на погребот на нејзината глава не е исклучок. За мажите задолжително е темно одело, бела кошула и долга црна вратоврска. Технички, други темни бои како сива или темно сина се дозволени , но речиси сите светски функционери се облечени во костуми и имаат бели кошули.

Исто така, протоколот предвидува дека чевлите, чорапите, капутите и чадорите исто така мора да бидат црни. Црното копче е дозволено да се носи на левата јака, додека единствените дозволени украси се папските почести, кои може дискретно да бидат прикажани на облеката. Останатите машки модни додатоци, како што се прстените, нараквиците и часовниците, мора да бидат незабележителни.

Жените се обврзани да носат црн фустан или костум. Ако одберат фустан, тој мора да биде под коленото. Се препорачуваат црни чевли со затворени пети, црни проѕирни гаќички и црни ракавици. Жените можат да носат и црн превез над главата, но тоа не е задолжително. Чантата мора да биде црна и мала, а како накит е дозволен само едноставен бисерен ланче.