Сите го поставуваат прашањето: Дали малиот монструм се кае? Министерката Кисиќ откри нови детали за момчето-убиец од Врачар

Министерката за семејна грижа Дарија Кисиќ ги демантираше тврдењата дека малолетниот убиец од Врачар е сосема мирен и ладнокрвен и дека го интересира кога ќе биде пуштен на слобода.

-Сето ова се дезинформации и шпекулации, момчето е во изолација во здравствена установа каде се прават разни проценки. Тоа е специфичен психолошки профил, со кој светот не се среќава често. Распитот ќе трае подолго – изјави Кисиќ во телевизиска емисија.

Министерката рече дека ден по кривичното дело, на службена должност отишла во станот во кој живее со мајка му и сестра му:

– На мајката и’ било кажано дека треба да даде согласност за лекување на момчето и да остане во установата, што и го направила. Сега сите прашуваат дали се кае, но она што е важно луѓето да знаат е дека момчето е во изолација и подолг временски период ќе се прават различни видови проценки. Сите наслови на медиумите се дезинформации. Психолозите до сега не се соочиле со ваков предизвик