Сите детали од апсењето на Сораја! Еве колку промили алкохол имала во крвта! Треба да плати казна од 600 евра, остана и без возачка дозвола (фото)

Сораја Вучелиќ утрово беше приведена во Будва поради возење под дејство на алкохол. Старлетата утрово околу пет часот била запрена од сообраќајната полиција, кога по алкотестот било утврдено дека вози со еден промил алкохол во крвта.

Прекршочниот суд ја казни Сораја со парична казна од 600 евра, како и забрана за возење во траење од три месеци. Покрај тоа, старлетата доби и три казнени поени.

– Во седиштето на судот С.В. (37) од Бар е казнета со 600 евра за управување со возило „мерцедес“ под дејство на алкохол со концентрација од 1,02 г/кг во телото. Покрај паричната казна, и е изречена забрана за возење во траење од три месеци, како и три казнени бода што ќе ги изрече Полициската управа на Црна Гора – соопшти судот а Вучелиќ се отрезнуваше два и пол часа во станицата во Будва.

Само неколку часа пред апсењето, старлетата беше во Будва на настапот на Александра Пријовиќ.