Сите детали од најжестоката кавга меѓу Хари и Чарлс: Таткото не сакал да му ја исполни оваа желба – не зборуваа со денови (ФОТО)

Принцот Хари наводно го пцуел својот татко, кралот Чарлс, за време на жестока расправија за пари, тврди новата книга за кралското семејство.

Се тврди дека бесниот Хари ги исфрлил своите фрустрации на неговиот татко во жесток телефонски повик откако тој не ги исполнил неговите финансиски бараеа.

Кралскиот дописник Роберт Џобсон ги опишува деталите за спорот во својата книга „Нашиот крал“.

Се претпоставувљ дека книгата ја отсликува друга страна на конфликтот меѓу Хари и неговото семејство. Својата верзија на приказната, принцот ја презентираше неколку пати во јавноста, во интервју со Опра Винфри, во документарец на Нетфликс и во неговите мемоари „Spare“, а од новата книга може да се заклучи дека Хари не ги открил сите детали.

Кралот, всушност, ги одбил барањата на Хари за пари, велејќи му на својот син дека не е банка и дека не може да му го финансира животот откако отстапил од кралските должности. Се преѕпоставува дека по жестока расправија Чарлс престанал да му одговара на телефонот на синот.