„Сите ме прашуваат како МИРИСАМ толку добро, а јас воопшто НЕ КОРИСТАМ ПАРФЕМ“ Само го земам ОВА од кујната и исто како да потрошив еден тон пари на парфем”
Инфлуенсерката Елизабет Монаган (22) го пронашла својот природен мирис, од кујната со која менува парфеми. Таа вели дека постојано и кажуваат дека мириса прекрасно, а за тоа е виновен „лажниот парфем“.
Елизабет Монаган става екстракт од ванила на зглобот, добро го втрива и вели дека мирисот е поразителен. Ванилата многумина ја обожаваат поради својата богата, смирувачка арома . Создава чувство на топлина, носталгија, па се сеќаваме на колачите на нашата баба во кои уживавме во детството.
Овој тип на „ парфем “ нуди поприродна и понежна опција, за оние со најчувствителна кожа, како и за оние кои имаат тенденција да користат само природни производи.
Инфлуенсерката предлага и спреј кој се подготвува на следниов начин: измешајте екстракт од ванила со вода и ставете го во шише со распрскувач. За мирисот да биде посилен, погрижете се за соодносот на ванилата и водата, а по желба можете да додадете уште екстракти, пишува The Sun.
Ванилата е еден од најдобрите летни мириси .
Најдобро е да го ставите мирисот на зглобовите, вратот, зад ушите или зад колената. На овие делови од телото мирисот трае подолго, па се создава суптилна арома, чиј мирис трае во текот на целиот ден.
Елизабет Монаган вели дека постојано ја прашуваат каков парфем користи, што докажува дека ванилата е многу ефикасна кога се користи на овој начин, а не само во готвењето.