Сите од одмор ја носат оваа амајлија но не ја знаат нејзината тајна: Ова е значењето на познатото ,,Фатимино око” и како ја штити вашата куќа!? (фото)

Кој отишол во Грција, Турција или многу други места, сигурно наишол на многу „сини очи“ кои го следат каде и да стигнат. Тоа е амајлија во облик на око наречено око на Фатима, турско око или Назар. Речиси секоја куќа го има и е задолжителен сувенир за одмор. А дали знаете што навистина значи?

Назар доаѓа од арапскиот збор ,,назара” (поглед), а ова кристално сино око е еден од заштитните симболи во тенгризмот, старата религија на турските народи. Назар е исклучително застапен во Турција, Грција, Кипар, Египет, Авганистан, Иран, Либан… а таму ќе го најдете во куќи, канцеларии, автомобили, како накит и за уредување на домот.

Според исламската традиција, ќерката на Мухамед, Фатима, му подарила на својот вереник парче сино стакло и благодарение на оваа амајлија тој успешно го завршил своето патување надминувајќи ги сите можни пречки.

Најчесто е направен од рачно изработено стакло, а иако најчесто е сино, може да се најде и во бела и црна, понекогаш и во златна боја. Во суштина, тој е еквивалент на христијански крст и служи за заштита на носителот од злото око.

Честопати, Окото на Фатима се поставува во близина на вратата од куќата, со цел да го процени секој посетител, додека мајките често го ставаат покрај креветчето на бебето за да го заштитат новороденчето од зли очи.

Се верува дека Окото на Фатима може да ги отфрли сите негативни вибрации од оној што го носи амајлијата, поради неговиот состав, бидејќи е направен од стакло, бакар, железо, вода и сол.

Фатиминото око може да пукне, а се верува дека тоа се случува кога има особено ,,тешка” работа. Во тие случаи, треба да се замени со ново за да може да работи со целосен ефект.