Шокантен пресврт во ,,војната” меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит: Поранешните сопружници донесоа одлука која никој не ја очекуваше (фото)

Правната битка на Анџелина Џоли и Бред Пит за винаријата во Франција е при крај. Донесоа одлука која никој не ја очекуваше. Важниот чекор е направен две недели откако нејзините адвокати го тужеа актерот. Поранешните сопружници решени да стават крај на агонијата.

Анџелина Џоли и Бред Пит, кои беа во брак од 2014 до 2019 година и имаат шест деца, се косопственици на винарија во Франција. Тие се согласија на договор што може да го реши нивниот спор.

Документите за спорот со лозјата, кои датираат од минатата недела, покажуваат дека двете ѕвезди се согласиле на посредување како алтернативен метод за решавање на спорот за винаријата Шато Миравал, наместо спорот да оди на суд. Анџелина Џоли изјавила дека е подготвена да учествува во преговорите, пишува Daily Mail.

Битката траешее со години, а актерката пред две години доставила документи до судот во кои го исмејувала својот поранешен сопруг за неговите тврдења дека тој го изградил бизнисот, а всушност, според тие документи, тој само бил во посета на лозјето додека Француските работници беа одговорни за целата работа. Таа го нарече „холивудски дилетант“.

Бред Пит подолго време во јавноста истакнува колку е окупиран со винаријата „Château Miraval“.

Анџелина Џоли и Бред Пит ја купија винаријата во 2011 година и се разведоа осум години подоцна. Адвокатите на актерката поднесоа противтужба претходно овој месец како дел од повеќегодишниот правен процес. Документите нудат контра-одговор на тврдењата претходно изнесени од адвокатите на Бред Пит. Како што рекоа, одлуката на Анџелина Џоли да го продаде својот дел од винаријата се закануваше да го уништи целиот бизнис, во кој Пит вложи сè што имал. Тврдењето дека тој „ја завршил работата“ во новите документи е отфрлено како неверодостојно.

„Пит е актер, а не винар. Тој се занимава со глума, а не со „нечистотија“ (што значи физичка работа потребна за одржување на винаријата) и грозје“, се наведува во документите и се додава:

„Во текот на годините кога тој наводно градел бизнис, тој всушност снимаше, глумеше во десетици филмови, а да не зборуваме за бројни промотивни настапи, светски премиери, холивудски забави.”

Анџелина го продаде својот дел од винаријата во 2021 година, а нејзините адвокати тврдеа дека нејзиниот поранешен сопруг и’ должи 350 милиони долари.