Сите очи беа вперени во оваа машина! Погледнете каков „ѕвер“ донесе Никола на репрезентативниот собир! (ФОТО)
Српската кошаркарска репрезентација се собра во Белград на стартот на подготовките, а селекторот Светислав Пешиќ на лето ќе го има на располагање и Никола Јокиќ!
Трикратниот МВП на НБА лигата порано ја заврши сезоната во САД, па ќе и’ помогне на репрезентацијата да освои медал во Париз и со тоа да го надгради среброто што без него го грабнаа на другиот крај на светот – за време на Мундобаскет на Филипините.
Најдобриот кошаркар на планетата во моментов на репрезентативниот собир се појави многу опуштено, подготвен да почне да тренира со соиграчите, а големо внимание привлече автомобилот во кој пристигна. Јокиќ овојпат дојде со луксузно БМВ од својата гаража!
Станува збор за џип БМВ X3 со комбиниран електричен и горивен мотор, со моќност од 630 Кс. Неговата цена се движи од 150.000 до 200.000 евра, во зависност од деталите и пакетот на опрема избран при купувањето. Plug-in хибридните автомобили имаат два погони: мотор со внатрешно согорување и електричен мотор. Тие го возат хибридниот автомобил поединечно или заедно.
Никола го извлекол ова луксузно БМВ од гаражата во која има неколку скапи миленици. Одамна е познато дека Јокиќ поседува Мерцедес Брабус, Ролс Ројс Кулинан од цели половина милион евра, две скапи ламборџини – Хуракан и Авентадор… По освојувањето на наградата МВП во НБА, доби Киа Телурид како подарок!