„Сите сме загрижени за Бритни, таа е многу депресивна“: Блиски извори откриваат алармантни детали за борбената поп ѕвезда

Изворот додава дека нејзината депресија делумно ја подгреале нејзините два сина кои не сакаат да ја гледаат.

Поп пејачката Бритни Спирс е фотографирана како сама вози во автомобил во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес. Папараците ја снимија откако протекоа информации дека нејзиното семејство и пријателите се обиделе да организираат интервенција за проблематичната ѕвезда, сето тоа од страв бидејќи се плашеле дека „може да умре“.

41-годишната пејачка во четвртокот беше видена како вози сама 30 минути, пред да се појави на Инстаграм за да ги негира тврдењата и да открие дека моментално зема лекови за депресија Прозак.

“Не сум мртва луѓе. Јас сум тука. Жива сум. Жива и здрава сум и го имам моето крзно тука, гледате дека сум добро”, им порачала на своите следбеници.

Сепак, извори блиски до пејачката открија за Дејли Меил дека мајката на две деца предизвикува сериозна загриженост кај нејзиниот близок круг на луѓе додека истовремено се бори со депресија.

„Сите се загрижени за неа бидејќи е многу депресивна“, открил извор близок до поп пејачката, кој исто така истакнал дека Бритни со текот на годините се претворила во интровертна.

слика

Изворот додава дека нејзината депресија делумно ја предизвикале нејзините два сина – 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден Џејмс , кои ги има со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн , и кои одбиле да ја видат.

“На Бритни не и е добро, тоа е вистината. Таа не е истата личност како што беше. Срцепарателно е да ја гледам ваква”, рекол пријател кој ја познава пејачката во последните пет години.

Очигледно, фактот дека нејзините синови се иселиле од нејзината куќа во Калифорнија и се вселиле кај нивниот татко пред неколку години длабоко ја потресе.

„Проблемот е што таа е многу тажна затоа што нејзините синови не сакаат да ја видат, таа се чувствува ужасно поради тоа, тоа и прави голема дупка во срцето“, додал изворот. „Таа е мајка на две момчиња и никогаш не ги гледа, мислам дека тоа би го скршило срцето на секоја мајка.

Изворот додал и дека не е точно дека пејачката конзумира дрога, а не се оддала и на алкохол.

„Не сум ја видел како се дрогира, не сум ја видел да пие, ништо, но сите знаат дека е биполарна и различна и дека зема многу лекови за тоа, така што нејзиното расположение може да варира. Но, таа не е зависник од дрога и таа не е во опасност. Сепак, таа е многу депресивна и тоа е загрижувачко“, заклучува изворот.

Откриено е и дека самата пејачка раководи со својот тим на луѓе – од слугинки и тренери на животни до асистенти.

„Околу неа има тим кој прави сè за неа, како да ги плати сметките, да пере алишта, да стави бензин во автомобилот. Тие се како нејзини слуги. И таа има многу луѓе околу неа, нејзината куќа е секогаш полна. Не ги гледате во нејзините видеа на Инстаграм, но тие се таму во позадина“, открива пријателката и додава: „Таа одлучува за се и ако не и се допаѓа некој, го отпушта. Никој не може да ја натера да направи било што“.