Германија испраќа воен брод во Црвеното Море: Почнува нова воена мисија, можна борба?

Со испраќање на фрегатата Хесен, Германија ќе се приклучи на планираната мисија на Европската унија за заштита на поморскиот сообраќај низ Црвеното Море, објавија во четвртокот германските медиуми.

Фрегатата „Хесен“ треба да исплови следната недела од пристаништето Вилхелмсхавен за Црвеното Море, каде се очекува да преземе задачи како дел од мисијата планирана да биде одобрена од Бундестагот во февруари.

Планираната воена мисија на земјите-членки на ЕУ предвидува заштита на трговските бродови, кои се нападнати од јеменските Хути, вооружена исламистичка политичка групација со иранска поддршка, со присуство на неколку воени бродови, како и противракетни системи.

Мисијата ќе се вика Аспид (Заштитник) и треба да ги штити бродовите во Црвеното Море, но да не учествува во нападите врз Хутите.

Спецификации за фрегата

Германската фрегата Хесен е опремена со противракетни системи и е специјално дизајнирана за заштита и придружба на други пловни објекти и има радар способен да следи воздушен простор со големина на Северното Море.

Државниот секретар во Министерството за одбрана Симтје Молер изјави во четвртокот во Брисел дека ЕУ може да донесе одлука за мисијата најдоцна до 19 февруари, а потоа Бундестагот треба накратко да одобри учество на Бундесверот.

Поради нападот на товарните бродови во Црвеното Море, делови од германската индустрија пријавија тешкотии во снабдувањето, а фабриката за автомобили Тесла во близина на Берлин го прекина производството на две недели.