Сите ја гледаат официјалната фотографија на Арсенал: На неа има (не)поканет гостин! Ова е приказната која стои зад оваа сцена (фото)

На крајот од минатата сезона тренерот на Арсенал, Микел Артета на јавноста и’ претстави слатко куче по име „Вин“ (Победа).

Прекрасниот лабрадор очигледно стана заштитен знак на клубот од Емирати. Како што е вообичаено, Арсенал објави тимска фотографија со преслатко куче на неа.

“Нејзиното име е Вин – Победа, сите сакаме да победуваме. Нејзе ѝ треба многу љубов. Значи, “љубов за победа”. Тоа е нашата суштина”, изјави Артета.

Интересно е што Вин на јаката носи ознака со натпис: „Јас не сум куче, јас сум Топџија. Дојди во Арсенал“.