СИТЕ ЈА САКААТ ЈАХТАТА НА РУСКИОТ ОЛИГАРХ ВРЕДНА 100 МИЛИОНИ, НО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ИМА: Откриени сите детали од оваа мистерија! ВИДЕО

Државата Антигва и Барбуда минатата недела официјално ја заплени супер јахтата „ Алфа Неро “, која повеќе од една година беше закотвена во пристаништето Фалмут на јужниот дел на островот.

Долго време не се знаеше кој е вистинскиот сопственик на јахтата. Според законите на оваа земја, на 21 март на вистинскиот сопственик му бил даден рок од десет дена „да го покаже сертификатот за сопственост и да го отстрани бродот од територијата на Антигва и Барбуда“.

Бидејќи тоа не се случи, јахтата ќе биде ставена на аукција.

За неа постои огромен интерес веќе една година, но никој не можел да ја купи или изнајми. Според локалните медиуми, понуди имало од Бугарија, Монако, Австралија, Франција, Нов Зеланд, Алжир, Саудиска Арабија…

Откриено е дека јахтата која се проценува на 100 милиони долари е на рускиот олигарх Андреј Григоревич Гуриев (62) и неговата ќерка Јулија Гуриев Мотлохова.

Гурјев е под американски санкции по почетокот на војната во Украина. Се проценува дека „тежи“ неколку милијарди долари, кои ги стекнал како сопственик на компанија за производство на ѓубрива.

Гурјев е познат како еден од главните финансиери на разни спортови и клубови во Русија. Тој беше еден од водачите на Шаховската федерација во Русија, а целиот свој живот го посвети на шахот .

Неговата компанија долги години беше спонзор и на меѓународната шаховска организација ФИДЕ, а во знак на благодарност доби и златен медал за промоцијата и спонзорството на шахот како спорт.