СИ ДОНЕСЕ АВТОМОБИЛ – ЅВЕР ОД 700.000 долари ВО СРБИЈА! Црвеното знаме ќе крстари низ Белград, ни хемиското оружје не му може ништо
Hongqi L5 – сите тајни на службеното возило на кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера пристигна во Белград во втора посета на Србија во последните осум години. Кинескиот лидер беше пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ , а по повод оваа важна посета се беше организирано на највисоко ниво. Авионот на кинескиот претседател беше придружуван од ловци МиГ-29 од моментот кога влезе во воздушниот простор на Србија, а на белградскиот аеродром во негова чест беа построени гардата на војската на Србија и фолклорен ансамбл.
Prekinuše EUROSONG zbog dolaska stečajnog upravnika.
— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) May 7, 2024
Žvalavi ne skida osmeh sa lica i damu poveo, nema labavo.
Na 1:57 čuje se neko iz režije… pic.twitter.com/kgqtAC2cRH
Заедно со претседателот Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Си Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, поранешниот претседател Томислав Николиќ и неговата сопруга, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со неговата сопруга.
Кси беше пречекан на аеродромот со највисоки државни почести, а за време на посетата на Белград ќе се вози во својот автомобил „Хонгки седан“ долг 5,4 метри и тежок 3,1 тон. Овој рачно изработен луксузен автомобил, со кодно име N701, чини 700.000 долари, направен е од ракетен оклоп, отпорен на куршуми, а содржи и систем кој штити од хемиско и биолошко оружје
President Xi Jinping and Madame Peng Liyuan stepping out of their Hongqi N701 bulletproof state car. pic.twitter.com/48CBrpSC6O
— Mandate of Heaven (@HongqiN701) May 7, 2024
Си првпат го користеше таканаречениот автомобил со „црвено знаме“ за време на државната посета на Нов Зеланд во 2014 година, две верзии на автомобилот Hongqi L5. Истите лимузини отпорни на куршуми го транспортираа за време на неговата турнеја низ Југоисточна Азија и Пацификот во април 2019 година. Внатрешноста на возилото е украсена со делови од розово дрво, а седиштата се обложени со најфина бела кожа.