“СИ ИГРААТ СО НАШАТА БОЛКА!“ – Потресно интервју на дедото на едно од убиените девојчиња од масакарот во Белград: “Вучиќ, Брнабиќ, Мали, па вие…“

Дедото на едно убиено девојче во масакарот од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Слободан Раичевиќ, жестоко го критикуваше раководството на Србија кога е во прашање оваа голема трагедија. 

Слободан Раичевиќ во емисијата „Utisak nedjelje“ изјавил дека претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали „си играат со болката“ на семејствата на загинатите.

Прва загина таа, беше дежурна, почина со другарката, а и Драган кој беше таму со нив. Тоа чудовиште влегло и прво ја убило мојата миленичка“, рекол дедото на девојчето, пренесува Nova.rs.

Да потсетиме, на социјалната мрежа Твитер српската премиерка Ана Брнабиќ објави монтирана фотографија на која се умножени фигурите односно умножени се српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за финансии Синиша МалиАна Брнабиќ во таа прилика навести дека се фотошопирани фотографиите од вториот протест „Србија против насилството“, на кој се собраа десетици илјади луѓе и го блокираа мостот „Газела“ каде што бараа оставка од Александар Вучиќ.

Не има повеќе од минатиот пат. Уште малку и ќе бидеме на Газела!“, напиша во описот на фотографијата Ана Брнабиќ.

Гласав и за овие тројца кербери кои се сликаа и ја претворија фотографијата во девет личности. Едвај имаат три, но девет биле, си поиграа со нашата болка. И јас бев на протестот и не забележав никаков инцидент. Сето тоа изгледаше организирано, ако даде Господ, така ќе биде и следниот петок“, изјавил дедото Слободан Раичевиќ.