“СИ ИГРАВ СО СЕКИРАТА!” – Жителка на селото кај Вршац открива што и кажало момчето (13) откако свирепо ги убил јагнињата: „Обезглавените животни лежеле во локва крв“.


„Стоеше на сред улица, со крвави алишта. Го поканив да влезе во мојот дуќан, додека не дојде полиција, а потоа го прашав: „Што правеше?“, а тој само кратко одговори: „Си играв со секирата“ Имаше чуден поглед, не зборуваше многу.

Со овие зборови еден од соседите раскажал за малолетнiot М.Ж. (13) кој во понеделникот во селото Марковац кај Вршац убил 12 јагниња со секира. Злосторството го открил сопственикот на овците, кој незнаејќи што се случило отишол да го посети стадото. Кога влегол, останал шокиран – во локва крв лежеле 12 мртви јагниња.

-Цел тој ден талкаше некаде, одеше од куќа до куќа. Потоа отишол кај Пеѓа, каде што порано живеел. Влегол во куќата од задниот влез каде имало велосипеди, отишол до фрижидерот, јадел, а потоа отишол во трлото каде ги убил сите овци. Во селото велат дека сцените биле грозоморни, локви крв, обезглавени животни. Шокирани сме, не можеме да се смириме – раскажува вознемирен сосед за српските медиуми.

Како што вели, сопственикот на овците прво помислил дека овците се убиени од шакали, но останал шокиран кога дознал дека зад се стои малолетник кој живее(л) во неговата куќа.

– Мајка му го остави уште порано, се омажи во друго село и никој од овде не сака да слушне за неа. Татко му се разболел, па за него и за момчето се грижела Виолета, жена од селото. Тие не се поврзани, но таа се грижи за нив. Одеше кај Пеѓа, таму спиеше, јадеше, живееше и кај него. Тој одеше, јадеше и спиеше каде и кога му одговарало – вели соговорникот.

„Тој секогаш имаше чуден поглед, не зборуваше многу“

Според неа, малолетникот кој уби 12 јагниња со секира секогаш бил проблематичен.

-Постојано бегаше од дома, не се знаеше каде спие. Крадел од куќи на ловџии, земал чаури од пушка и којзнае уште што. Не зборуваше многу, секогаш имаше чуден поглед. Очигледно беше дека нешто не е во ред – тврди загрижен сосед.

Посочува и дека уапсеното момче има уште тројца браќа и една сестра.

– Неговиот најстар брат е во затвор поради сексуално злоставување на постарата сестра. Вториот брат му побегнал од дома, а третиот чува крави во некое село. Целото семејство е проблематично – вели таа.

Забележува и дека малолетникот зборувал како ќе ги убие Пеѓа и Виолета, луѓето кои се грижат за него, за да оди во затвор.

– Зборуваше како ќе ги убие и дека после тоа ќе оди во затвор, бидејќи неговиот најстар брат му рекол дека условите се добри и дека е убаво да се живее таму. Претходно живееше со мајка му без прозорец, таа постојано носеше мажи, кој знае какви трауми му оставиле и што преживеал – тврди нашиот соговорник.

Тој додава дека момчето на полицајците им признало се, и отишло со нив да им ја покаже секирата со која го извршил ова грозоморно злосторство.

Како што пишуваат српските медиуми, бидејќи момчето се уште немало 14 години, за настанот бил известен дежурниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Панчево.

Во меѓувреме, М.Ж. е пренесен во Клиничкиот центар Војводина на Клиниката за психијатрија , Оддел за детска психијатрија и адолесцентна психијатрија.

Истрагата утврдила дека никој од семејството на малолетникот не поседува оружје, а делото било извршено со секира која била одземена.