– Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот американски колега Џо Бајден разменија честитки по повод 45-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Пекинг и Вашингтон, јавија денеска кинеските државни медиуми.
– На 1 јануари кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден разменија честитки по повод 45-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, објави јавната телевизија ЦЦТВ.
Кинескиот претседател претходно изјави дека е подготвен да работи со САД за поддршка на стабилни билатерални односи.
– Пекинг и Вашингтон треба да преземат конкретни активности за промовирање на стабилен, здрав и траен развој на односите меѓу двете земји, рече Си.
Тој нагласи дека е „подготвен да работи со претседателот Бајден за да продолжи да ги подобрува кинеско-американските односи за доброто на Кина и САД и нивните народи, за промовирање на мирот и развојот во светот“.
Взаемното почитување, мирниот соживот и соработката се правилен начин Кина и САД да се поврзат меѓу себе, рече кинескиот претседател.
Во ноември 2023 година, двајцата претседатели се сретнаа во Сан Франциско, САД.