СИ ЏИНПИНГ ГО РАЗРЕШИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА – Генералот никој го нема видено од август, а му се случи истото што го доживеа и министерот за надворешни работи

Кинеските државни медиуми денеска ја објавија веста за разрешувањето на министерот за одбрана на Кина, генерал Ли Шангфу, пренесува AP News.

Се вели дека Ли Шангфу не е виден во јавноста речиси полни два месеци и дека има малку објаснувања во врска со тоа.

AP News потсетува дека Ли Шангфу е вториот висок кинески функционер кој исчезна оваа година, по поранешниот министер за надворешни работи Чин Ганг, кој беше разрешен без објаснување во јули.

Ли Шангфу
Ли Шангфу

Се вели дека Ли Шангфу станал министер за одбрана за време на реконструкцијата на Владата во март, а јавноста последен пат го видела кога одржал говор на 29. август.

AP News наведува дека нема индикации дека исчезнувањето на Чин Ганг и Ли Шангфу укажува на промена во надворешната или одбранбената политика на Кина, иако тие отвораат прашања за издржливоста на внатрешниот круг околу Си Џинпинг, претседателот на земјата и прв човек на владејачката Комунистичка партија во Кина.