Скандалот околу песната ,,Македонско девојче” не стивнува: Рада конечно се огласи по обвинувањата дека вметнала вулгарен збор во текстот (фото)

На интернет се појави видео од настапот на Рада Манојловиќ на кое таа ја пее познатата песна „Македонско девојче“, но со очигледно изменет текст.

Имено, наместо „китка шарена“, луѓето пишуваат дека таа изговара вилгарен збор што секако наиде на голема осуда.

Сепак, вистината е дека така испадна бидејќи на сцената имаа технички проблем, што Рада го потврди за тамошните медиуми.

– Бидејќи гледам дека ова видео има огромен број прегледи, чувствувам должност да го објавам. Знаете дека никогаш не употребувам недолични и вулгарни зборови во моите песни, а камоли така да го отпеам најголемиот македонски хит – рече таа, па додаде:

– Точно е дека звучи така, но само затоа што микрофонот застанал во тој момент. Не знам дали е кабелот или што, ама така е. И тоа не се случи само на таа песна, туку и на други. Во текот на вечерта, имавме проблем со кабелот и адаптерот, но секако, за жал, ја имав несреќата да го скршам токму тој збор. Не сакам никого да навредам, знаете дека тоа не е мој стил – изјави пејачката.

Инаку, на Јутјуб можете да ги слушнете и претходните изведби на оваа песна на Рада, а на секоја таа ја пее песната онака како што е оригинално испеана.