Скандал во владиниот авион: Алкохолот предизвика сексуално вознемирување? Министерството за одбрана мораше да воведе забрана

Чешка одлучи да го забрани освежувањето во текот на летовите во државните авиони по скандалот со наводното сексуално вознемирување.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова забрани консумирање алкохол во владините авиони по скандалот за наводно сексуално вознемирување за време на патувањето во Јужна Кореја во април.

Инцидентот што претходеше на забраната за алкохол, наводно, вклучувал воен лекар кој бил дел од делегација на Министерството за транспорт, а кој несоодветно допирал жена која била тестирана за КОВИД-19 во владиниот авион во Јужна Кореја.

Министерот за транспорт Мартин Купка рече дека докторот „не е во најдобра состојба“ и навести дека можеби бил пијан. Човекот, кој ги негира обвиненијата, е во Јужна Кореја по наводниот инцидент, пишува ПОЛИТИКО.

Чешките политичари често користат приватни воени авиони за официјална владина работа. Стандардните освежувања – топол оброк, салата, десерт, грицки, пиво и вино, претходно беа финансирани од Министерството за одбрана. Но, тие денови сега поминаа.

Министерствата и службениците на државните институции ќе треба да платат за освежување за време на летот.

„Не се промени многу за нас, само треба да си платиме за нашите (безалкохолни) пијалоци и храна“, рече Франтишек Јемелка, портпарол на Министерството за транспорт , а се чека коментар од Министерството за одбрана.